Силен земјотрес ја стресе Грција
Земјотрес со јачина од 4,5 степени го погоди денеска грчкиот остров Крит.
Како што соопшти Атинскиот геодинамички институт, епицентарот на земјотресот бил седум километри северозападно од градот Аркалохори во регионот на Ираклион.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13,6 километри, пренесува „Екатимерини“.
Во септември 2021 година Алкохори беше погоден од земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, во кој загина едно лице, а беа оштетени неколку куќи.
20.07.2022 - 12:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа