Конкурс за есеј за основците и средношколците по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот како службен јазик
По повод јубилејот 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик – 5 Мај, Министерството за образование и наука распиша Конкурс за есеј за учениците од основните и средните училишта. Во зависност од возраста и наставниот јазик, дадени се четири теми, а право на учество имаат сите ученици од четврто до деветто одделение од основните училишта и од прва до четврта година од средните училишта.
Еден ученик може да конкурира само со еден есеј, кој треба да биде оригинален, со силен израз и мисла која ја отсликува темата на конкурсот. За учениците од четврто до шесто одделение, есејот треба да има до 200 зборови, додека за учениците од седмо одделение основно образование до четврта година средно образование треба да има од 200 до 300 зборови.
Најдобрите есеи ќе ги избира посебна Комисија, а учениците кои ќе освојат прво место на овој натпревар во секоја од четирите категории ќе добијат пригодна награда. Наградените трудови со шифрите ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука (www.mon.gov.mk), на 26 мај 2025.
Повеќе информации за начинот на пријавување се достапни во објавениот конкурс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа