Син на српски политичар заврши во болница - бил претепан пред зграда
Синот на поранешниот претседател на СРЈ и функционер на СПС, Зоран Лилиќ бил претепан во Нов Белград.
„Курир.рс“ објави дека тој бил претепан пред една зграда, а во Ургентниот центар стигнал со повреда на главата.
Тој досега бил приведуван поради возење во пијана состојба, како и изнуда, а бил обвинет и за пукање пред еден локал во 2003 година. Исто така, доби и шестмесечна условна казна поради напад на полицаец.
21.10.2022 - 09:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа