Скопјанец се шетал со нож среде Центар
Македонската полиција привела две лица од Скопје кои се шетале со нож на улица.
Во привиот случај, околу 2 часот по полноќ, во селото Глумово, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.Ф. од истото село, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
Исто така, вчера во 19.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 25-годишниот Б.Д. од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
11.02.2025 - 11:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа