Смеата не е само забава – таа е и многу корисна за нашето здравје: Денеска е Светски ден на смеата

 


Денеска се слави Светскиот ден на смеата – ден посветен на радоста, спонтаноста и поврзаноста меѓу луѓето. Смеата е универзална, но и лична – од заразно кикотење до тивка насмевка – затоа што, исто како и отпечатокот од прст, смеата е единствена и открива многу за нас. Овој ден се слави од 1998 година на иницијатива на индискиот лекар Мадан Катарија.

Но, смеата не е само забава – таа е и многу корисна за нашето здравје.

Научно е докажано дека децата се смеат до триста пати на ден, додека возрасните се смеат само околу дваесет пати. Излегува дека колку старееме, толку повеќе забораваме на кратките моменти на радост. И токму овие моменти можат да ја направат разликата.

По само неколку минути смеење, се намалува нивото на кортизол, хормонот на стресот, кој ја ублажува анксиозноста и помага при опуштање, а го зголемува производството на ендорфин, хормонот на среќата. Исто така го стимулира мозокот и ја подобрува концентрацијата, што може да доведе до подобра меморија.

Смеата согорува калории
Освен што ви го подига расположението, смеењето поттикнува физичка активност – десет минути смеење може да согорите и до четириесет калории. Активира дури 80 мускули во телото, вклучително и 17 на лицето. Неколку минути смеење може да имаат сличен ефект како 15 минути вежбање на собен велосипед.

Смеењето со другите дополнително создава чувство на поврзаност, гради меѓусебна доверба и позитивна слика за себе, што придонесува за поголема самодоверба на долг рок.

10.01.2025 - 13:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега