Смрт на работно место: Работник загина при превртување на хидраулична преса во Загреб
Во средата, околу 12:10 часот, во работилница на фирма во областа Одра во Загреб, се случила трагична несреќа на работно место во која загина 55-годишен работник.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, несреќата се случила додека работникот преместувал хидраулична преса. За жал, при преместувањето, пресата се превртела и работникот починал на самото место на настанот.
На местото на несреќата извршен е увид од страна на дежурниот заменик на општинското државно правобранителство во Нови Загреб, во соработка со полициски службеници од полициската управа во Загреб и трудов инспектор за заштита при работа од Државниот инспекторат.
Телото на починатиот работник е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика, каде ќе се изврши обдукција.
Случајот е во фаза на истрага, со цел да се утврдат точните околности што довеле до оваа трагична несреќа и евентуална одговорност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа