СПЦ: Патријархот Порфириј во канонска посета на МПЦ-ОА
„Одговарајќи со радост на поканата на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан, Неговата Светост Патријархот српски г. Порфириј со свештеничка придружба ќе престојува во канонска посета на Македонската православна црква – Охридската архиепископија на 23 и 24 мај 2022 година“, се наведува во соопштението на официјалниот сајт на Српската православна црква.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Неговата Светост Патријархот српски г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан на 24 мај 2022 година, на празникот Свети Кирил и Методиј, ќе служат света архиерејска литургија во Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, во сослужение на архиереји од двете сестрински цркви.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа