Србија ќе добие супервакцина која ќе ги покрие сите видови на коронавирус

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на РТВ „Пинк“ рече дека планира да ја прими третата доза од вакцината против коронавирус, бидејќи, како што истакна, истекуваат шест месеци откако ја примил втората доза.

-Не ми е јасно како луѓето веруваат во глупостите дека тенџериња и лажици може да ви стојат на раце по вакцинацијата. Јас сум апсолутно за вакцинација, луѓето ќе имаат пет вакцини за да изберат. Верувам дека за помалку од една година, ќе ја имаме таа супервакцина што ќе ги покрие сите оние видови на ковид, рече Вучиќ и посочи дека оние што се вакцинирани имаат поголеми шанси да преживеат од ковид.

 

27.09.2021 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега