Србија од понеделник почнува со настава по комбиниран модел
Од понеделник, 31 јануари, учениците од прво до четврто одделение од основните училишта во Србија ќе ја следат наставата со физичко присуство, додека учениците од петто до осмо одделение ќе имаат настава по комбиниран модел, односно ќе одат на училиште поделени во две групи. Српското министерство за образование соопшти дека и за средношколците наставата ќе се одвива по комбиниран модел.
Според податоците доставени до Министерството од Институтот за јавно здравје на Србија од 20 до 26 јануари 2022 година, бројот на болни деца на училишна возраст од 6 до 18 години изнесува 5480 односно 0,71 отсто.
На 27 јануари во Србија се регистрирани 17.674 новозаразени круни со вирусот, додека 40 лица починале како последица на болеста ковид-19 предизвикана од овој вирус.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа