Станковиќ: Дамева е личност која не е достојна да извршува висока судска функција

 


На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Малиша Станковиќ и во однос на интерпелацијата за членот на Републичкиот судски совет, Весна Дамева посочи дека се работи за личност која не е достојна да извршува висока функција во делот на судската организација.

Станковиќ се осврна на работата на судскиот систем воопшто издвојувајќи поединечни судии и како постапуваат истите. Според него клучни се неколку работи, а пропусти прават определени судии. Станковиќ се осврна на неколку прашања и работи за кои се прават многу пропусти. 

„Дали имаме ефикасност при постапките, дали судат судиите во рок, или како што е предвидено  во разумен рок, дополнително што е со судиите кои не закажуваат судења, што одложуваат судења, а одат на скијање“, посочи Станковиќ.

11.03.2025 - 15:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега