Студент од Крагуевац се заканил дека на пладне ќе ги убие сите присутни на факултетот
Студент на Економскиот факултет во Крагуевац преку електронска порака се заканил дека на пладне ќе ги убие сите присутни.
На електронската адреса на факултетот пристигнала порака со заканувачки содржини. Според српските медиуми пораката била испратена од 29- годишен студент.
Пораката ги растревожила сите присутни на факултетот, веднаш по неговото пристигнување била известена полицијата и други надлежни органи кои го обезбедувале теренот, отстранувајќи присутните, соопштуваат српските медиуми.
Управата постапи брзо, во разрешување на случајот ќе биде вклучена и Безбедносно информативната агенција (БИА).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа