Студентите во Србија тргнуваат на нова огромна акција
Студентите на четири државни универзитети во Србија, кои речиси три месеци блокираат повеќе од 60 факултети барајќи одговорност од властите за смртта на 15 лица на железничката станица во Нови Сад, подготвуваат нова акција, а во тек е студентски марш од Белград и Ниш до Крагуевац, каде на 15 февруари ќе одржат заеднички митинг.
Нов голем митинг е закажан за в сабота во Крагуевац
Студентите, чии блокади на повеќе од 60 факултети траат од 22 ноември, досега добија поддршка од стотици илјади граѓани ширум Србија на многубројните собири и комеморативни блокади, на кои им се оддава 15-минутен молк на жртвите во новосадската трагедија.
Последниот голем протест беше одржан во Нови Сад со блокирање на три моста, а следниот беше најавен за сабота на 15 февруари во Крагуевац, на денот на одбележувањето на првиот устав на тогашното кнежевство Србија од 1835 година, кој, врз основа на достигнувањата на Француската револуција, се сметаше за еден од најмодерните и најлибералните во Европа во тоа време.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа