Пејачот Гоце од Скопје: Искоцкав повеќе од милион евра и изгубив буквално се во животот
Гоце Пејковски е македонски пејач кој на сцената е присутен 25 години. – Човекот што го стави животот на коцка и изгуби буквално се. Пари? Отидоа. Пријатели? Го напуштија.
Ова е приказна за зависноста што не простува. Приказна за падот кој сите го гледаа, но никој не го спречи. Една од оние приказни кои мора да се слушнат.
„Искоцкав повеќе од милион евра и изгубив буквално се во животот. Изгубив пријатели, го изгубив и семејството. Во животот има лек за се, само за коцката нема“. – вели Гоце за Бекстејџ и додаде:
„Тоа е нешто што не можам да си го објаснам, со тек на време се ствара завис, потреба и е појако од се, но немам одговор зошто“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа