Таравари: Пациентка двапати реанимирана се опоравува по трагедијата во Кочани

 


Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска информираше дека од вкупно 193 повредени во трагедијата во Кочани, 57 лица сè уште се на лекување во болници низ земјата и во странство. Од нив, двајца пациенти се во критична состојба.

Во Скопје се хоспитализирани девет пациенти: двајца на Клиниката за пластична хирургија, четворица во болницата „Свети Наум Охридски“, еден во ГОБ „8 Септември“, додека останатите се згрижени во приватни здравствени установи. Сите се во стабилна состојба, потенцираше Таравари.


Во странство се лекуваат 48 пациенти, но денеска се очекува враќање на еден од нив од Унгарија, со што бројот на пациентите кои продолжуваат со лекување надвор од земјата ќе се намали на 47.

Министерот додаде дека поголемиот дел од пациентите се екстубирани – дел се веќе на рехабилитација, а некои се подготвуваат за оперативни зафати.

Како охрабрувачки пример, Таравари ја истакна состојбата на една пациентка која била двапати реанимирана, а денеска покажува значително подобрување на Клиниката за пластична хирургија.

– Станува збор за пациентка која беше во многу тешка состојба, а денеска e добар пример за пациент кој беше многу тежок, рече министерот.

14.04.2025 - 13:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега