Тешко повреден кавадарчанец: Паднал од сканија додека местел церада
Кавадарчанец бил тешко повреден додека местел церада на сканија, информираа денеска од СВР Велес.
- Вчера во ОВР Неготино било пријавено дека околу 12 часот на улица „Даме Груев“ во Неготино, Г.Ј.(63) од Кавадарци паднал од товарно возило „сканија“ со кавадаречки регистарски ознаки, додека ја местел церадата. Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци, информираа од СВР Велес.
12.02.2025 - 13:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа