Точете после полноќ: Горивата повторно поевтинуваат

 


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,82 % во однос на одлуката од 11.04.2025 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,716 ден/кг и сега ќе изнесува 36,992 ден/кг. 

Од 15.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 71,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98   73,50 (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,00 (денари/литар) 

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 36,992 (денари/килограм) 

14.04.2025 - 12:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега