Трагедија на скопската Детска клиника: Почина седуммесечно бебе
Трагедија во скопската Детска клиника. Седуммесечно бебе починало синоќа, откако му била одбиена хоспитализација при првото обраќање, пренесе Фокус.
Според информации на Фокус, бебето првиот пат кога било однесено на клиниката било одбиено за хоспитализација, а било примено дури после 48 часа кога органите веќе му откажувале.
Информацијата за Фокус ја потврдил и директорот на скопската Детска клиника, Реџеп Мемеди.
16.12.2024 - 14:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа