Трамп: Мислам дека ќе се случи анексија на Гренланд

 

Американски претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше можноста за анексија на Гренланд од страна на САД, велејќи дека тоа сценарио станува сè поверојатно.

– Мислам дека тоа ќе се случи, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа, каде што беше домаќин на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

– Не сум размислувал многу за тоа порано, но сега седам со човек кој може да има клучна улога во тоа, додаде Трамп, вртејќи се кон Руте.

 

– Знаеш, Марк, ова не е само безбедносно прашање, туку и меѓународно безбедносно прашање. Ова всушност е многу важна тема, изјави американскиот претседател.

На парламентарните избори во Гренланд, победи опозициската партија „Демокраатит“, која се залага за постепено стекнување независност од Данска.

13.03.2025 - 21:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега