Турција од туризам лани заработила 61 милијарда долари

 

Над 62 милиони туристи ја постила Туркије минатата година, што претставува раст на бројот на туристи од  9,8% на годишно ниво. Растот на бројот на туристи е уште поголем и изнесува 20,3% доколку остварените резултати од минатата година се споредат со резултатите пред пандемијата од 2019 година.

Зголемениот број на туристи донесе и раст на приходот на Туркије од туризам за 8,3% во однос на 2023 година. Приходот од туризам во 2024 година изнесува 61,1 милијарди долари, со што минатата година беше најуспешна туристичка година за Туркије. Бројот на туристи што ја посетиле Туркије минатата годинаги надмина и проекциите од 60 милиони посетители, а истите беа ревидирани во октомври минатата година на 61 милиони туристи.

Европа, Блискиот Исток и Централна Азија остануваат најголеми пазари за туризмот во Туркије, додека новите пазари како Америка, Индија и Кина забележаа голем раст во 2024. Земји од кои потекнуваат најголем број туристи за Турција остануваат Русија, Германија и Велика Британија, а значителен е растот на бројот на туристи од новите пазари, како што се САД со 8,1%, Кина со 65,1% и Индија со 20,7%.

Странските туристи во Туркије во просек престојувале 10,7 дена, а приходот по турист е 972 УСД. Според Туристичката организација на Обединетите Нации, Туркије е меѓу првите 5 најпосетени дестинации во светот во 2023 година

03.02.2025 - 14:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега