Уапсен поранешниот градоначалник на Сараево - местел тендери
Уапсен е поранешниот градоначалник на Сараево поради сомнение дека ја злоупотребувал својата положба додека бил во позиција на градоначалник.
Абдула Скакаприведен во просториите на МВР на кантонот на Сараево, каде што дал изјава, по што е и уапсен.
Поранешниот градоначалник на Сараево е уапсен во акцијата „Визионер“, која е актуелна во повеќе општини во главниот град на Босна и Херцеговина, поради сомнеж дека сторил повеќе кривични дела – злоупотреба на положбата, фалсификување службени исправи, како и поткуп.
Кантоналното обвинителство врз ознова на повеќе извештаи од изминативе години, отвори неколку случаи против Скака.
Неговото име е поврзано со многубројни сомнежи за наместени тендери и скандали.
Според извештај што е поднесен во април минатата година од градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ, за тек на работата на градската управа каде што раководел Абдула Скака, според инспекторот се забележани и утврдени незаконитости и криминални дејствија на таа градска управа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа