УХМР најавува смрзнувачка наутро - Викенд временска прогноза

 

Времето наутро ќе биде студено со услови за појава на магла по котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност зголемена во источните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје студено со услови за појава на слаба магла, преку денот претежно сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во следните денови ќе имаме стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Повремено наутро ќе има услови во котлините и особено долж Повардарието за појава на утринска магла и зголемена ниска облачност. 

07.02.2025 - 07:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега