Утрово паника во Скопје: Дојави за бомби во повеќе училишта
Дојави за бомби утрово стигнале во повеќе училишта низ Скопје, од каде учениците се безбедно евакуирани.
Дојави за бомби имало во неколку училишта во Аеродром и тоа „Димитар Македонски“, „Александар Македонски“, „Љубен Лапе". Исто така, дојави за бомби стигнале и во основното училиште „Петар Здравковски “во Бутел, „Киро Глигоров“ во Центар, но и средното училиште „Јосип Броз Тито“.
Се очекуваат детали од МВР.
07.02.2025 - 08:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа