Унаказила 11 Србинки во естетски центар - сопственичката на салонот фатена на граница со Хрватска
Српската полиција ја уапси сопственичката на Медицинскиот и естетски центар „Тајас“, Олгица Маркановиќ откако била пријавена за давање неовластени медицински услуги во областа на естетиката со што нанела телесни повреди на своите пациенти.
Таа се претставува како козметолог-едукатор, а приведена е по наредба на белградското Јавно обвинителство. Одреден ѝ е притвор поради основи на сомнение дека сторила тешки кривични дела против здравјето на луѓето и неовластено ангажирање во одредени активности.
Како што пишуваат српските медиуми, во следните 48 часа ќе биде испрашувана во просториите на Првото основно јавно обвинителство.
Инаку, во март годинава група жени и мажи тврдеа дека биле „осакатени“ со третман во салонот што го водела Маркановиќ. Поради тоа тие поднесоа и тужба против неа.
Олгица работи во Бања Лука и во Белград.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа