Утре ќе нема струја цел ден - најавени исклучувања во неколку скопски општини
Поради планирани зафати во електро-дистрибутивната мрежа утре од 9 до 15 часот без струја ќе останат дел корисниците од село Горно Нерези во Општина Карпош, ул.„ Чаирска“ од бр. 40 до бр. 90, ул. „Цветан Димов“ од бр. 4 до бр. 20 во Општина Чаир, дел од потрошувачите околу манастир „Св.Илија“ – Чардак и Етновила Весница во Општина Чучер Сандево.
Прекин во напојувањето со електрична енергија утре ќе има и од 07:30 до 16:00 часот за корисниците ПВ Метало Солар, Фабрика ИЦЕМАК, дел од ул.1, над маркет Давидов, до кружен тек во Општина Аеродром).
05.02.2025 - 16:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа