„Вашата ќерка прегази дете“: Баба од Скопје си го олеснила новчаникот за 6 илјади евра
На 11.02.2025 во 13.10 часот во СВР Скопје, 87-годишна жена од Скопје пријавила дека на 10.02.2025 била измамена од едно машко лице за сума од 6000 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка во Канада предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сакала таа да лежи во затвор требало да плати.
Како што е пријавено, парите ги оставила на претходно договореното место.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
12.02.2025 - 17:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа