Велешанец фатен со пиштол на Табановце

 


На 22.03.2025 на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ш.(37) од Велес.

Притоа, кај сопатникот А.К.(46) од Велес бил пронајден и одземен пиштол. Лицата биле задржани во СВР Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

25.03.2025 - 16:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега