ВИДЕО: Блокирани влезовите за Младеновац – пукано било со калашников од автомобил во движење
Седум луѓе се ранети вечерва во вооружен инцидент кој се случи во Младеновац. Според неофицијални информации кои ги објавија српските медиуми, меѓу повредените има и деца.
Како што пишуваат локалните медиуми, напаѓачот пукал од автоматска пушка, калашников, од автомобил во движење во селото Дубон.
Меѓу ранетите има и еден полицаец.
Пинк повикувајќи се на неофицијални информации пишува дека напаѓачот не бирал кого ќе погоди. На местото на инцидентот има припадници на безбедносните сили, а според Б92, распишана е потерница за 21-годишник, кој со „мерцедес“ почнал да бега откако рафално пукал кон луѓето.
Сепак, ниту една од овие информации кои ги објавуваат српските медиуми не е официјално потврдена.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа