(ВИДЕО) Чудо во Лазаревац: Човек преживеа 8 часа затрупан во канал
Пожарникарите во Србија спасија маж, кој осум часа беше затрупан во канал во близина на Лазаревац, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.
Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, на социјалните мрежи објави снимка од спасувањето и им се заблагодари на пожарникарите.
„Спасен е Милан Рајковиќ по осум часа. Бескрајна благодарност до пожарникарите-спасители“, напиша Дачиќ.
Инцидентот се случил вчера околу 15 часот, кога при копање на канал за топловод дошло до уривање на земјата. Првично, спасени се три лица, меѓу кои и еден пожарникар.
Во спасувачката операција учествувале 20 пожарникари од единиците во Лазаревац, Кошутњак, Обреновац, Железник и Барајево со шест возила, како и двајца членови на Специјалистичкиот тим за спасување од урнатини.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа