(ВИДЕО) Драматични снимки од Грција: Со јаже се извлекуваат луѓе од поплавените куќи

 

 

На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од спасување на граѓани со авиони од поплавените куќи во Грција. Спасувачките единици користат јажиња за да се спуштат до покривите на поплавените куќи и да ги извлечат луѓето на безбедно.

Видеата прикажуваат како спасувачите евакуираат 12 лица, меѓу кои има деца и постари лица.

Претходно локалните медиуми објавија дека по страшното невреме „Даниел“ во нивните куќи во реонот на Астрица во Кардица биле пронајдени две мртви жени, со што бројот на жртви се зголеми на шест лица.

Повеќе од 800 луѓе се спасени во изминатите два дена.

07.09.2023 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега