ВИДЕО: Ѕид испука како да е од стиропор – ова се последиците од земјотресот во Крагуевац
Околу 25 минути по полноќ, Србија ја погоди земјотрес од 4,1 степен по Рихтерова скала, а епицентарот на потресот бил во близина на Крагуевац на длабочина од 15 километри.
Во 5:18 во Крагуевац се почувствувал уште еден земјотрес од 2,0 степени по Рихтер.
Жителите на Крагуевац биле вознемирени од синоќешниот земјотрес, а на социјалните мрежи се појавила и снимка на која се гледаат и првите последици од земјотресот кој го погодил овој град.
Една корисничка на Твитер објавила видео на кое се гледа голема пукнатина на ѕидот која настанала при земјотресот.
Горан Родиќ од градежната дирекција на Србија, по земјотресите, вели дека новите објекти се отпорни на девет степени интензитет, односно на шест степени по Рихтер.
Тој додал дека по земјотресот во Краљево биле донесени прописи за градење на зградите.
#Earthquake in #Kragujevac, #Serbia #4.4 #magnitude pic.twitter.com/lnDYn7cW0a
— Andela (@sexyniccela) November 3, 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа