(ВИДЕО) Горат станбени згради: Русија утрово изврши ракетен напад врз Киев
Во утринските часови руската војска извршила ракетен напад врз Киев, соопштија украинските власти.
„Вака Путин сака да ја заврши војната. Русија изврши ракетен напад врз Киев и неговата околина“, изјави Андриј Јермак, началник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека најмалку едно лице загинало, а неколку пожари избувнале во станбени и нестанбени згради.
Неколку лица се повредени, меѓу кои и едно деветгодишно девојче во областа Оболон, откако ракета погоди деловна зграда, соопшти Државната служба за итни случаи на Украина. Двајца од повредените завршиле во болница, но не се знае тежината на повредите.
Предупредувањето за воздушен напад се појави дури на почетокот на нападот, што сугерира дека украинската одбрана не можела навреме да го открие нападот со радар. Сè уште не е официјално познато какви проектили употребила руската војска во оваа прилика. Прелиминарните извештаи покажуваат дека четири балистички ракети Искандер биле истрелани кон главниот град, пишува Киев Индипендент.
Новинарите на Ројтерс известија за бројни експлозии кои звучеле како украинска противвоздушна одбрана.
Голем пожар зафатил магацин од 600 метри квадратни во областа Холосивски, додека пожар избил на покривот на станбена зграда во областа Соломијански, пишува Киев Индипендент.
Експлозиите биле пријавени околу 4:30 часот по локално време. Украинските воздухопловни сили непосредно пред тоа предупредиле на заканата од руски ракетни напади насочени кон различни региони на земјата. Воздушните тревоги беа укинати околу еден час подоцна, во 5:30 часот по локално време.
UPDATE: Additional documentation showing residential buildings in Kyiv, Ukraine on fire following a ballistic missile attack by Russia. https://t.co/WvKd5OoJAa pic.twitter.com/hfvlV0xkKK
— Hexdline (@HexdlineNews) February 12, 2025
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа