ВИДЕО: „Имаа целосна воена опрема, ГПС и мапи“ – српската полиција со детали за апсењето на косовските специјалци
Тројца вооружени косовски специјалци се уапсени денеска на територијата на централна Србија во акција на специјалните единици на српската полиција, по тој повод српското министерство за внатрешни работи свика вонредна конференција.
„Сакам да ве информирам дека на 14.6.2023 год. во 12:38 часот во административната зона длабоко на територијата на Централна Србија, антитерористичката група МУП лоцирала тројца припадници на косовската полиција. Тие биле во патувачка воена опрема, имале три автоматски пушки, муниција, мапи и ГПС. Со возило „дачија“ стигнале до административниот премин, го оставиле возилото и продолжиле пеш преку граница, каде што биле лоцирани и уапсени. Местото на апсењето е во општина Рашка, на длабочина од повеќе од еден километар на територијата на Србија. Србија е сериозна земја и членовите на МУП не биле блиску до административната линија и не ја прекршиле резолуцијата 1244, ниту пак презеле некаков незаконски чин. Полицијата ќе ја продолжи истрагата во соработка со обвинителството“, рече генералниот секретар на МВР Жељко Бркиќ.
На видеото од апсењето може да се види како српските полицајци ги спроведуваат уапсените косовски специјалци со зборовите: „Долу глава, долу главата“.
За акцијата бил информиран и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Hapšenje Kurtijevih specijalaca pic.twitter.com/Iz3wCR0gfC
— Arsil (@arsagarson) June 14, 2023
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа