ВИДЕО: Миљацка носи мостови - голема поплава во БиХ

 

Обилните дождови во многу општини во Сараево од утрово создаваат проблеми.

Бројни реки во БиХ се излеаја, Миљацка се заканува да ги поплави улиците, Железница направи хаос во многу области, а од час во час пристигнуваат се повеќе информации. Вонредна состојба е прогласена во Паламa и Трново.

Во населеното место Војковиќи дошло до свлечиште по течението на реката што загрозува многу објекти кои се наоѓаат таму.

Состојба на елементарна непогода поради поплавата е прогласена на подрачјето на општина Источна Илиџа, потврди првиот човек на оваа месна заедница Маринко Божовиќ, пренесува РТРС.

Кризниот штаб на општина Трново утринава прогласи вонредна состојба поради невидените поплави кои ја зафатија оваа општина, изјави градоначалникот на Трново, Драгомир Гаговиќ.

Поплавени се патишта и домаќинства во населбата Кула во општина Источна Илиџа.

Надлежните апелираа до граѓаните кои живеат на улиците Касиндолски Батаљон и Равногорска да не ги напуштаат своите домови непотребно.

Исто така, има апел до граѓаните да се стават во служба на помош на надлежните органи во случај на потреба.

Кризниот штаб на општина Источна Илиџа издаде препорака поради поплавите на подрачјето на оваа месна заедница децата да не се испраќаат во градинки и училишта.

05.11.2021 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега