ВИДЕО: Најмалку шест лица загинаа во поплавите во Црна Гора, Србија и Албанија

 

Големи поплави го погодија регионот, откако дождот буквално потопи неколку делови од Црна Гора, Србија и Албанија, при што најмалку шест лица ги загубија животите.

Утрово во Албанија се пронајдени тела на две лица, татко и син, откако вчера нивниот автомобил бил однесен од вода.

Минатиот викенд четири лица загинаа во Црна Гора и делови од Србија. Најпрво во Црна Гора жена и две деца ги загубија животите, а потоа двегодишно дете се удави на југот на Србија откако паднало во река.

21.11.2022 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега