ВИДЕО од несреќата во Белград: Возилото се заби во столб, а телата излетаа од него

 

На Твитер се појави видео снимка од моментот на тешката несреќа во Белград која се случи рано утринава, а во која животот го загубија две лица.

Српските медиуми јавуваат дека во несреќата загинаа 31 годишната К.Ј. и момче М.С. (28). Возачот на автомобилот „Голф“ кој воедно е и брат на загинатиот не е повреден.

На снимката се гледа дека возачот со голема брзина излетува од патот и удира во бандера. Од силината на ударот,  К.Ј. и М.С. излетуваат од возилото на улица и на лице им подлегнуваат на повредите.

Сведоци на несреќата велат дека ударот бил страшен и дека телата на починатите летале неколку метри.

На возачот му е земена крв за анализа која треба да покаже дали бил под дејство на алкохол или психотропни супстанци.

 

02.10.2021 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега