ВИДЕО: Снимки од незапаметеното невреме во Словенија - водата рушела стебла, оштетила кровови и кабли

 

Словенија во средата доцна попладнето ја подоги силно невреме. Почна на североистокот од земјата, но обилните врнежи наскоро се прошириле по цела земја.

Словенечките медиуми јавуваат дека се поплавени подруми, срушени се бројни стебла и дека се оштетени кровови на станбени куќи. Пожарникарите досега забележале повеќе од 220 интервенции, додека метеорлозите велат дека според нивните пресметки волку многу дожд за така краток временски период паѓа еднаш во 250 години.

Според словенечките медиуми, најтешка е ситуацијата во Љубљана. Така во населбата Вижмарјах водата ги преплавила подвозникот во кој останал заробен автомобил, но возачот успеал да се извлече неповреден, пишува 24.ур.

Во љубљанскиот театар поради силниот дожд морале да се прекине претстава.

„Кровот е дотраен, водата течеше по театарот“, рекол портпаролот на театарот, Јернеј Пристов. Претставата била прекината, гледачите евакуирани, а електричната енергија исклучена, но се уште не се знаат размерите на штетите.

 

30.09.2021 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега