ВИДЕО: Српскиот министер за транспорт се пофали дека патиштата се чисти – па го буткаше автомобилот за да го извади од снег

 

Српскиот министер за градежнишство, транспорт и инфраструктура е хит денеска на социјалните мрежи. Прво се пофали дека автопатиштата се чисти и нема снег, а потоа и самиот го буткаше автомобилот за да го извади од снег.

– Овде сме на пат кон белградскиот аеродром и како што можете да видите сообраќајот е апсолутно прооден. Секако дека сообраќајот е отежнат кога паѓа толку многу снег овој ден, но денес имаме повеќе од 1800 патишта на патиштата од првиот и втор приоритет, повеќе од 800 камиони и машини за снег. Ниту еден пат од прв и втор ред не е блокиран. Сообраќајот насекаде се одвива непречено. Ќе дадам сè од себе луѓето да го видат тоа, вели министерот Момировиќ во првото видео кое го објави на социјалните мрежи.

 

// ]]>Потоа тој објави видео каде турка автомобил заглавен во снегот.

– Во ред… Постојките на автопатот дефинитивно може малку подобро да се исчистат, напиша министерот покрај видеото.

 
13.12.2021 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега