ВИДЕО: „Тој е похрабар од Курти“, рече Вучиќ откако косовската полиција го малтретирала син му

 

 

Косовската полиција го запрела синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, Данило, и го натерала да ја соблече маицата со „антикосовски натписи“, објави „РТВ Дукаѓини“. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека косовската полиција трипати го запрела и го претресла автомобилот во кој бил неговиот син Данило Вучиќ.

„Мојот Данило е похрабар од Курти. Му честитам на косовскиот премиер за неговата храброст. Кога праќа луѓе да се изживуваат со туѓи деца, тоа е и во ред“, рекол Вучиќ.

Данило, синот на претседателот на Србија, бил во Косово за таму да го помине големиот српски празник Видовден во Грачаница со своите сонародници.

 

29.06.2023 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега