ВИДЕО: Во Нови Сад евакуирани луѓе од покриви на поплавени возила
Силното невреме кое ги зафати Нови Сад и западна Србија зад себе остави застрашувачки сцени.
По сончевиот ден и летните температури, големи количества врнежи наврнаа во Нови Сад. На сите социјални мрежи набрзо се најдоа видеа од поплавата во овој град.
Пожарникарите-спасувачи евакуираа две лица од покрив на поплавен автомобил на улицата Партизанска во Нови Сад и уште едно лице во Коцељева, каде беа поплавени повеќе објекти.
Возила низ поплавените улици, вода што влегува во автобусите, луѓе кои се качуваат на покривите на автомобилите, се само дел од застрашувачките сцени што можеа да се видат по врнежите.
Поради последиците од врнежите, полицијата интервенирала на територијата на градот Нови Сад, општина Беочин, Сремски Карловац, Зрењанин, Шабац, Рума и Ваљево.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа