(ВИДЕО) Вработени во дом за стари лица во Косово тепаат жена
Физичко насилство е забележано во еден од домовите за стари лица во Косово, а снимката од инцидентот се појави на социјалните мрежи.
На снимката може да се забележи како една од вработените напаѓа повозрасна жена и притоа ѝ удира шлаканици.
Вработената била уапсена, а по неа приведена е и главната медиинска сестра, кои ќе добијат кривични пријави од полицијата.
02.11.2022 - 18:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа