Вирусот не знае за сезона: Д-р Миолјевиќ открила кој сој Ковид 19 најмногу ја загрижува

 

Директорката на службата за болничка епидемиологија на Унивеерзитетскиот клинички центар на Србија, Весна Миолјевиќ изјавила дека ако ги споредиме март и април, кога секој трет бил позитивен, а сега само два отсто од тестираните граѓани се позитивни, тоа секако дава надеж.

„Секако ние овој момент го чекавме, но мораме да бидеме внимателни. Времето е убаво, но нема опуштање,м верувам дека уште долго ќе зборуваме за ковидот“, рекла докторката.

Како што вели, претпазливост мора да има.

„Апелот е да се носат маски, посебно во јавниот превоз, и да не му дадеме простор на вирусот од асимптоматски заболени да премине на чувствителните лица“, истакнала директорката на Службата за болничка епидемиологија КЦС.

Зборувајќи за досегашната пандемија, вели дека најмногу ја изненадило тоа дека вирусот нема сезонски карактер.

Таа истакнала дека индискиот сој на вирусот најмногу ја загрижува затоа што е двоен мутант и затоа најмногу се занимава со него.

07.06.2021 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега