Вирусот повторно мутираше: Се жалеле од болки во стомак, ама биле заразени со Ковид-19

 

– Вирусот повторно мутираше. Луѓето кои доаѓаа од летни одмори во текот на јули, август и септември, главно од Црна Гора, имаа проблеми со стомачни проблеми. Во последните 10 дена, многумина од нив го контактирале својот матичен лекар поради стомачни проблеми и дехидратација, за подоцна да се востанови дека се позитивни на коронавирус – ова го изјави д-р Александар Стојановиќ, директор на српскиот здравствен дом, Милутин Ивковиќ, за ТВ „Прва“, објаснувајќи дека вирусот Ковид-19 повторно мутирал.

Имено луѓето постојано доаѓале со стомачни проблеми, но се утврдило дека биле позитивни на опасниот вирус, а дури 90 проценти не биле вакцинирани.

Исто така, докторот нагласи дека 95 проценти oд лицата кои умираат, а се заразени со Ковид-19, биле оние кои не се вакцинирани. Додаде дека здравствениот систем бил преоптоварен, а гужвите и редиците од луѓе кои чекале за преглед биле секојдневие.

04.10.2021 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега