ВЛЕН: ДУИ уште еднаш се обиде да ги измами Албанците
ДУИ уште еднаш се обиде да ги измами Албанците, но нивната пропаганда беше уништена со факти! Нивните неосновани обвинувања за честитање на независноста на Косово беа отфрлени од кабинетот на претседателката на државата, кое потврди дека честитката е испратена на 16 февруари. Ова денеска го велат од ВЛЕН преку соопштение до јавноста.
Ви го пренесуваме соопштението на партијата во целост:
Исто така, честитки упатија и вицепремиерите на ВЛЕН, Изет Меџити и Арбен Фетаи, кои уште еднаш ја покажаа институционалната посветеност кон Косово.
Ваквата постапка на ДУИ не е ниту прва ниту последна во нивната позната стратегија за користење на дезинформациите како политичка алатка. Партијата која две децении ја узурпираше власта на штета на албанските граѓани и на сите граѓани на Северна Македонија, сега се обидува да создаде залудни конфликти и да го одвлече вниманието на јавноста од своите спектакуларни неуспеси во сите области.
ДУИ докажа дека нема политичка култура и не може да понуди визија за иднината на државата. Секојдневно пред граѓаните се разобличуваат нивните лаги и манипулации кои го покажуваат вистинското лице на оваа истрошена партија.
ВЛЕН ги повикува граѓаните да не станат плен на пропагандата на партијата која го изгубила целиот кредибилитет. Време е за чесно и одговорно владеење, далеку од измами и сценарија измислени за тесни политички интереси.
Коалицијата ВЛЕН останува посветена на чиста, транспарентна политика фокусирана на доброто на граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа