ВМРО-ДПМНЕ: Извештајот на „Транспаренси“ докажува дека е потребна итна смена на oбвинителот Коцевски
Извештајот на „Транспаренси“ е доказ за тоа дека е потребна итна смена на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Падот на лисатата за борба против корупција, според нив, е чист доказ дека Коцевски воопшто не се занимавал со воведување правда во Македонија, туку работел за лични и партиски интереси.
„Иако Владата му остави време на Коцевски, да си ја врши работата без притисок, тој одлучи да продолжи да молчи и да ги забошотува предметите кои голем број на институции му ги беа дале на обвинителството. Наместо да се бори против корупцијата и да постапува по пријави за корупција, Коцевски молчи по наредба на СДС“, велат од владејачката партија.
Се додава дека јавниот обвинител Љупчо Коцевски, мора да сноси одговорност за неговите потези и веднаш да си поднесе оставка од својата позиција, која ја користи само да излезе во пресрет на барањата на социјалдемократите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа