ВМРО-ДПМНЕ: Повторно СДС се однесува како да се „паднати од марс”
Повторно СДС се однесува како да се „паднати од марс”. Инфлацијата денес е намалена на 3,5% за разлика од оние 20% во време на СДС, нешто кое што е докажано и може да се провери, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.
„Платите растат на секое поле, во образование, здравство, МВР, Армија, СОЗР, Финансии и во администрацијата.
Економијата во државата оди во правилна насока. Трошоците се намалија преку новогодишната кошничка на Владата. Стапката на БДП е 3%. Сите анализи покажуваат дека се движиме напред“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Но, за се треба време. Она што СДС го направи со економијата изминатите 7 години, потребно е време да се исправи. Затоа граѓаните ни дадоа доверба да ја водиме државата кон подобро, реагираат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа