ВМРО-ДПМНЕ: СДС преку Чупеска се обидува да ја покрие неинформираноста на Филипче
Трет обид денес од СДС, овој пат преку Ана Чупеска да се покрие смешната прес-конференција на неинформираниот Венко Филипче, реагирише ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Ана Чупеска изнесени во Топ Тема.
„Наместо Ана Чупеска да држи предавања и продава демагогии по ТВ емисии, нека се потруди подобро да го информира партискиот лидер Филипче, кој не знае како и зошто гласала Македонија во Обединетите нации, а држи прес конференции за истото.
Единствен кој што е контрадикторен е СДС кои се против унапредување и развој на односите со стратешките партнери на Македонија како што е САД.
Единствени кои се конфузни се СДС, каде партискиот лидер Филипче не знае и не е информиран како и зошто гласала Македонија во Обединетите нации и држи смешни и погрешни прес-конференции.
СДС и Чупеска малициозно се обидуваат да ја омаловажат меѓународната активност која е во насока на развој за Македонија.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена силно на зајакнување на трансатлантското партнерство“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа