ВМРО: Зошто СДС не се огради од Јон Фрчкоски?
Директорот на Центарот за анализи на СДС, Јон Фрчкоски не беше единствениот кој беше фатен во нарко афера. Ова денеска го велат од владејчката ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение за јавноста.
- Ќе потсетиме дека втората нарко афера во оваа партија беше на водачот на Шарената револуција и нивен пратеник, Павле Богоевски. Тоа беше афера каде на снимка чија автентичност Богоевски ја потврди, се гледаше како нарачува психотропна наркотична супстанца. Од друга страна Јон Фрчкоски порано и помошник директор во Јавното претпријатие за станбен и деловен простор се гледа како шмрка кокаин на работно место. Ете тој ист човек, инаку син на таткото на транзицијата, Љубомир Фрчкоски, сега дели пораки за правда од партиската говорница на СДС. Значи има најмалку две лица СДС. Едно кога држи лекции за морал и правда, и друго кога зад затворени врати шмркаат кокаин, прават криминал и разврат. Не е доволно Јон Фрчкоски да си поднесе оставка од измислена партиска функција, велат од владејачката партија.
Велат дека системот треба да функционира и надлежните органи да го повикаат на распит.
- Во спротивно од кога тоа шмркање на кокаин може да се прости со изјава дека е „слабост од минатото“ како што ја опиша Фрчкоски во јавното признание. Од друга страна, тој силата ја доби од СДС, и партијата не може едноставно да молчи. Зошто СДС не се огради од Јон Фрчкоски? Дали Венко Филипче одобрува шмркање на кокаин? Дали СДС ќе се извини и ќе побара во овој случај институциите да постапат согласно закон?, прашуваат од ВМРО.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа