Во Грција се уште беснеат пожари: Канадерите се активирани- наредена е евакуација

 

Областа на општина Левреотики во пошумениот југоисточен дел на Атина денеска беше зафатена од пожар, објави противпожарната служба.

“Пожарот избувна во клисурата во Маркати. Во гаснењето беа ангажирани 30 пожарникари и 13 противпожарни возила, четири авиони канадери и два хеликоптери”, се вели во соопштението, пренесува агенцијата Катимерини.

Во меѓувреме, наредена е евакуација на местото Маркати, бидејќи пожарот се проширил, пренесуваат локалните медиуми.

Како што е наведено, 71 пожарникари, односно 25 возила, биле ангажирани во борбата против огнената стихија во тој дел.

Макфакс

16.08.2021 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега