Вселенскиот патријарх Вартоломеј: Се молиме за успокојување на жртвите и закрепнување на повредените
Порака со сочувство за трагедијата во Кочани, испратил вселенскиот патријарх Вартоломеј до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и до митрополитот Брегалнички Иларион, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од Вселенската патријаршија, Вартоломеј „му се моли на Бога за успокојување на душите на жртвите и да ги поддржи нивните семејства, како и да помогне во брзото закрепнување на здравјето на повредените“.
-Исто така, изразува сочувство и поддршка од светата голема Христова црква и лично од него до народот на Северна Македонија, кој е погоден од трагедијата, соопштија од Вселенската патријаршија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа