Втора жртва во пожарите во Албанија – почина жена која беше хоспитализирана со тешки изгореници
Уште едно лице го загуби животот во пожарите во Албанија, беше соопштено денеска.
Станува збор за 60-годишна жена од Џирокастро, која била примена во болница пред осум дена со изгореници на 70 проценти од површината на телото, пренесува порталот „Албанска пошта“.
Пред една недела, нејзиниот 65-годишен сопруг загина во пожар додека се обидуваше да го изгасне огнот.
Пожари се случуваат во Албанија речиси две недели, а најкритично беше во областа Кукс.
Макфакс
11.08.2021 - 15:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа